Центарот за јавно здравје – Велес е јавна здравствена установа која спроведува специјалистичка превентивна здравствена заштита.
Почетоци
1945 година
Во рамките на “Медицински центар” – Велес, е формирана Хигиено-епидемиолошка санитарна служба (ХЕС служба)
06.07.1993 година
Со одлука на Собранието и Управниот одбор на “Медицински центар”- Велес, е донесена одлука за основање на “Завод за здравствена заштита”-Велес
01.01.1994 година
Заводот за здравствена заштита” – Велес почнува да функционира како посебна здравствена организација, со денешните дејности, одделенија и организациска поставеност
Преименување
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита од 29 мај 2009 година, установата го добива сегашното име:
Центар за јавно здравје – Велес
Надлежности и дејности
Согласно Законот за здравствена заштита, Центарот:
- ја следи, истражува и проучува здравствената состојба на населението;
- ги анализира причините за појава и ширење на заразните и другите болести од социјално-медицинско значење;
- го проучува влијанието на еколошките фактори врз здравјето на луѓето;
- предлага и презема мерки за заштита и унапредување на здравјето на населението.
Подрачје на дејствување
Центарот за јавно здравје – Велес ја покрива територијата на следниве општини:
- Велес, Градско, Чашка
- Свети Николе, Лозово
- Неготино, Демир Капија
- Кавадарци, Росоман
- Гевгелија, Дојран, Богданци