Согласно Националната годишна програма за јавно здравје, Отсекот ги спроведува следниве мерки и активности:

  • зајакнување и подобрување на системот за следење на заразни заболувања (секојдневно прибирање и анализирање на индивидуални пријави за заразни болести и пријави за изолиран- докажан причинител на заразна болест, епидемиолошко анкетирање, теренски увиди во здравствени установи, врши дескриптивна анализа за движењето на заразните болести- месечно и годишно, собира и анализира извештаи за синдроми на заразни заболувања со цел рано известување и предупредување- неделно и месечно, изработува тромесечни и годишен извештај за реализација на Национална програма за јавно здравје, изработува предлог програма за следната година);
  • подобрување на состојбата со задолжителна имунизација и намалување на бројот на вакцино-превентабилни болести (врши контрола на задолжителна имунизација, одржува резултати постигнати со ерадикација на детска парализа, извршува активности поврзани со елиминација на мали сипаници и рубеола во Р. С. Македонија, истражува поствакцинални компликациии кои го надминуваат степенот на поствакцинална реакција);
  • рано откривање и контрола на заразни заболувања кои се пренесуваат преку храна и вода (детектира потенцијални кластери, спроведува теренски увид при зголемен број на заболени од заболувања кои се пренесуваат преку храна и вода, следи и контролира бацилоносителство согласно законските прописи на лица кои прележале цревен тифус, паратифус, бациларна дизентерија и салмонелоза)
  • рано откривање и контрола на болнички стекнати инфекции (спроведува епидемиолошки увиди- програмски и по индикации, зема материјали за микробиолошки анализи, дава стручно мислење и препораки за сузбивање на болнички стекнати- инфекции, изработува квартални и годишни извештаи за спроведени мерки и активности)
  • одржување на ниска преваленција на сексуално и крвно-преносливи заболувања (обработка на пријави, теренски увиди, анкетирање, водење на евиденција за носителство или хронична болест за хепатити, водење на годишна евиденција за број на тестирани лица за хепатитис Б и Ц- позитивни и негативни);
  • надзор и контрола на зоонози и вектор-преносливи болести (спроведување и контрола на дезинсекција против комарци согласно Акционен план за превенција на вектор-преносливи болести, подотовка на оперативни планови за ДДД на ниво на локална самоуправа, теренско истражување при пријава на зооноза и вектор-пренослива болест, дезинфекција, дезинсекција и дератизација по епидемиолошки индикации, здравствен надзор на патници кои се враќаат од земји со ендемска маларија);
  • надзор и одговор кон заболувања слични на грип, надзор и одговор над сериозни акутни респираторни инфекции;
  • следење и одговор на нови и заразни болести кои повторно се јавуваат;
  • воспоставување на систем за брза реакција во случај на епидемии и кризни состојби;
  • здравствено- воспитна и едукативна дејност (стручна подготовка на соодветен информативно- едукативен материјал, информирање и едукација на поширока јавност преку настапи/интервјуа/написи).

Согласно Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција во Република С. Македонија, Отсекот ги спроведува следниве мерки и активности:

  • доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ;
  • спроведување предавања за превенција на ХИВ кај лица кои издржуваат казна затвор со доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ;
  • спроведување на стручни предавања и превенција на ХИВ и сексуално-преносливи болести кај млада и општа популација.

Согласно Програмата за испитување на појавата, спречување и сузбивање на бруцелозата кај населението во Република С. Македонија, Отсекот ги спроведува следниве мерки и активности:

  • изработување на оперативни планови на регионално ниво со активности за спречување и сузбивање на бруцелоза;
  • активен епидемиолошки надзор на терен преку епидемиолошко извидување и епидемиолошко истражување за секој откриен случај на хумана бруцелоза или добиен податок за анимална бруцелоза, предложување на мерки за спречување/сузбивање на болеста;
  • земање на материјали за микробиолошка- лабораториска дијагностика на бруцелоза кај луѓето;
  • здравствено- воспитна и едукативна дејност (стручна подготовка на соодветен информативно- едукативен материјал, информирање и едукација на поширока јавност преку средства за јавно информирање, предавања за болеста, опасности и начин на превенција на бруцелоза, спроведувани во рурална средина и кај професионално-експонирани лица);
  • имунизација по епидемиолошки и клинички индикации и хемиопрофилакса согласно годишна Програма за задолжителна имунизација на населението во Република С. Македонија;
  • здравствен надзор над лица кои се враќаат од земји каде има чума, вирусни хеморагични трески, колера;
  • здравствен надзор над лица кои се враќаат од земји каде има чума, вирусни хеморагични трески, колера;
  • пријавување и одјавување на епидемија на подрачја за кое е основан Центарот за јавно здравје- Велес;
  • останати мерки и активности пропишани во Законот.