Согласно постојаната легислива се вршат здравствено – хигиенски прегледи на лица кои работат во производство и промет со храна, во предучилишни, училишни и здравствени организации, како и лица кои работат во производство и промет на лекови, медицински потрошен материјал, помошни лековити средства и козметички препарати.

Целта на овој преглед е да се утврди дали лицето е заболено од некое заразно заболување или можеби е бацилоносител.