Процена на здравствено – еколошкиот ризик во врска со квалитет на водите за пиење и водоснабдувањето

  • Следење, спроведување и предлагање мерка за снабдување на населението со здравствено исправна вода за пиење
  • Санитарен надзор над објектите за водоснабдувањето, над извориштата и нивната околина
  • Следење на здравствената исправност на водата за пиење со бактериолошки и физичко – хемиски анализи, во обем за основна анализа и по хигиено – епидемиолошки индикации

Процена на здравствено – еколошки ризик на водите за капeње и рекреација

Кај површинските води и отворени и затворени базени преку санитарно – хигиенски надзор со бактериолошки и физичко – хемиски анализи на водата

Процена на здравствено – еколошкиот ризик од квалитетот на отпадните води

  • Со бактериолошки и физичко – хемиски анализи

Процена на здравствено – еколошкиот ризик на хигиенски квалитет на воздух

  • Во Велес и Кавадарци преку мониторинг и испитување на загадувачки материи во аероседимент, предлагање мерки за заштита на воздухот од загадување и следење на влијанието на загадениот воздух врз здравјето на луѓето преку обработка на морбидитетот на респираторни заболувања кај предучилишни и училишни деца во сите подрачни единици.