Центарот за јавно здравје – Велес е јавна здравствена установа која спроведува специјалистичка превентивна здравствена заштита.

Почетоци

1945 година

Во рамките на “Медицински центар” – Велес, е формирана Хигиено-епидемиолошка санитарна служба (ХЕС служба)

06.07.1993 година

Со одлука на Собранието и Управниот одбор на “Медицински центар”- Велес, е донесена одлука за основање на “Завод за здравствена заштита”-Велес

01.01.1994 година

Заводот за здравствена заштита” – Велес почнува да функционира како посебна здравствена организација, со денешните дејности, одделенија и организациска поставеност

Преименување

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита од 29 мај 2009 година, установата го добива сегашното име:
Центар за јавно здравје – Велес

Надлежности и дејности

Согласно Законот за здравствена заштита, Центарот:

  • ја следи, истражува и проучува здравствената состојба на населението;
  • ги анализира причините за појава и ширење на заразните и другите болести од социјално-медицинско значење;
  • го проучува влијанието на еколошките фактори врз здравјето на луѓето;
  • предлага и презема мерки за заштита и унапредување на здравјето на населението.

Подрачје на дејствување

Центарот за јавно здравје – Велес ја покрива територијата на следниве општини:

  • Велес, Градско, Чашка
  • Свети Николе, Лозово
  • Неготино, Демир Капија
  • Кавадарци, Росоман
  • Гевгелија, Дојран, Богданци