Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага Центарот за јавно здравје – Велес.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до Центарот непосредно во архивата; преку пошта на адреса на Центарот (ул.Лазо Осмаков бр.14, 1400 Велес), како и да се поднесе во електронска форма (преку е-маил: jzucjzveles@gmail.com).

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање (даден подолу) или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.