Отсек за заразни болести, имунизации, тропски и карантински болести и СИДА
Отсек за дезинфекција, дезинсекција и дератизација
Одделението епидемиолошка дејност со дезинфекција, дезинсекција и дератизација е организациона единица која извршува основна дејност во ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, и своите активности ги спроведува согласно Законот за јавно здравје, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на населението од заразни заболувања.
Согласно наведената законска регулатива, препораките на глобалната политика “Здравје за сите” и политиката “21 цел за 21 век” и понатамошна евалуација на Националната годишна Програма за јавно здравје во Република Северна Македонија, во идниот период потребно е значајно намалување на негативните ефекти на одредени заразни заболувања врз здравјето на населението и обезбедување на контрола, елиминација и ерадикација на тие заразни заболувања.
Во контекст на заложбите на Република Северна Македонија за интеграција кон Европската Унија, во идниот период епидемиолошката дејност ќе продолжи со своите активности насочени кон усогласување со правната регулатива на Европската заедница.