Согласно Законот за заштита на населението од заразни заболувања, Отсекот ги спроведува следниве мерки и активности:

  • Во отсекот се изведува превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација , како и по епидемиолошки индикации , во сите објекти кои законски подлежат како што се здравствени институции , образовни институции, институции од јавен карактер .
  • Исто така дезинфекција, дезинсекција и дератизација по епидемиолошка индикација се изведува во сите објекти кои работат со храна , угостителски, трговски објекти, како и на објекти за снабдување со вода
  • Се изведува на територијата на целиот Центар за јавно здравје , дезинфекција, дезинсекција и дератизација на ниво на општини и општински згради други објекти, канализациони мрежи и јавни површини.
  • останати мерки и активности пропишани во Законот.