Ова одделение се грижи за непречено административно и правно функционирање на Центарот за јавно здравје Велес – од подготовка на нормативни акти и управување со човечки ресурси, до јавни набавки, архивско работење и поддршка на сите организациони единици.

НАШИ НАДЛЕЖНОСТИ

Нормативни акти

Подготвуваме, изменуваме и следиме правилници, статути, договори и акти за законито работење на Центарот

Архива и канцелариско работење

Обезбедуваме уредна евиденција, архивирање и достапност на целокупната службена документација

Јавни набавки

Подготвуваме годишен план, организираме и следиме сите постапки во согласност со Законот за јавни набавки

Човечки ресурси

Го следиме спроведувањето на законите за работни односи и ги подготвуваме колективните договори и правилниците за работа

Претставки и предлози

Примаме, обработуваме и одговараме на претставки и предлози од корисници и правни лица

Извештаи и анализа

Подготвуваме извештаи и информации за работата на Центарот и на Управниот одбор

ОПИС НА РАБОТАТА

Одделението врши административни, правни и организациски задачи што овозможуваат континуирана и ефикасна работа на Центарот за јавно здравје Велес.

Главни активности:

  • подготвување на сите нормативни акти на ЈЗУ центар за јавно здравје Велес и нивните измени и дополнувања;
  • обезбедува правилна примена на Законите и подзаконските акти од сите области посебно од областа на здравствената заштита
  • врши работи за канцелариско и архивско работење согласно законот, уредбата и Упатството за  канцелариско и архивско работење;
  • врши секретарски работи и курирски работи;
  • врши работа поврзана со донесување на одлуки, решенија, договори и спогодби од значење за работата на центарот;
  • обезбедува правилна примена на Законите и подзаконските акти од сите области посебно од  областа на здравствената заштита и работните односи;
  • изготвува мислење по законите, Колективните договори, подзаконските акти и други прописи од областа на  работните односи;
  • изготвува правила за работа (пишани процедури) во соработка со Директорот и раководителите на организационите единици;
  • подготвува материјали за седници на Управниот одбор и другите органи во согласност со Статутот;
  • врши општи и заеднички работи кои се однесуваат на обезбедување административно техничка помош на организационите единици;
  • врши работи за канцелариско и архивско работење;
  • врши постапување по предлози и претставки на корисници на здравствени услуги и други правни лица кои се однесуваат на работата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес;
  • изготвува извештаи, информации, анализи и други материјали кои се однесуваат на претставките и предлозите од корисниците на здравствени услуги и други правни лица а се однесуваат на работата на центарот;
  • следење и примена на законскaта регулатива од областа на јавните набавки
  • подготовка на годишен план за јавни набавки во соработка со директорот и раководителите на одделенија,
  • се грижи за реализација на планот за јавни набавки
  • подготвува, составува и објавува јавни повици за набавка согласно годишниот план,
  • учествува како договорен орган по јавни набавки во доставување на понуди на други договорни органи,
  • координира и дава инструкции до комисиите за јавни набавки
  • ја евидентира, средува и доставува поднесоци до Бирото за јавни набавки однсоно ЕСЈН и 
  • изготвува договори за јавни набавки и ја следи нивната реализација