Отсек за медицинска микробиологија со паразитологија

Отсек за санитарна микробиологија и санитарна хемија

Тоа врши јавно здравствена и специјалистичка микробиолошка дејност за населението во регионот за кој е основан ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес. Микробиолошката дејност во рамките на своето делување ги обавува следните задачи:

  • Микробиолошки анализи на хумани клинички примероци, со цел изолација и идентификација на патогени или условно патогени бактерии како и испитување на нивната осетливост на антимикробни лекови.
  • Паразитолошко испитување на хумани клинички примероци, со цел изолација и идентификација на паразити (хелминти и протозои) нивни јајца и цисти.
  • Миколошко испитување на хумани клинички примероци и присуство на квасници како и нивна идентификација.
  • Имунолошка лабараторија за дијагностика на заболувања од вирусна, бактериска и паразитарна етиологија. Се применуваат најсовремени серолошки и имунолошки тестови за бактериски, вирусни, протозоолошки и паразитолошки инфекции.

Лабараторијата учествува во реализација на годишна национална програма за заштита и превенција на населението од HIV/СИДА, Бруцелоза.

  • Прави микробиолошки испитувања со цел откривања на предизвикувачи, резервоар и патишта на пренесување на зараза, во случај на епидемии.
  • Учествува во тимот за контрола на болнички инфекции, во врска со нивната појава, спречување и сузбивање.
  • Извршува микробиолошки преглед на лица кои доаѓаат од ендемски жаришта на одредени заразни паразитарни болести.
  • Следи резистенција на бактерии на антимикробни лекови со цел следење на трендовите на резистенција со текот на времето, пратење на географско ширење на резистенција, детекција на нови типови на резистенција.
  • Активно учествува во Одборот за следење на резистенција на бактерии на антибиотици во РСМ.
  • За потребите на лабораторијата за бактериолошко испитување во лабораториите за клиничка и санитарна микробиологија се врши подготовка на микробиолошки подлоги со стерилизација на лабораториски прибор, контрола на стерилност на истите,деконтаминација и стерилизација на заразниот материјал (отпад), контрола на сува и влажна стерилизација.
  • Унапредување на стручно метадолошката работа, при што се предлагаат нови методи на лабараториски испитувања, учествува во изработка на годишен предлог план за реализација на микробиолошки испитувања и извештаи (квартални и годишни) за реализација на планот.