1. Контрола на исправност на апарати за сува стерилизација

1.1. ПРИНЦИП НА МЕТОДОТ

D.H.S.C.T. (Dry Heat Sterility Colour Test) е биолошки индикатор подготвен со хартиен диск што содржи исушени спори од Bacillus atrophaeus (Bacillus subtilis var. niger). Овој сој не е патоген и не продуцира токсини.
Топлинската отпорност на спорите во шишенцето им овозможува да преживеат третман со сува топлина 10–20 минути на 160°C, додека умираат по подолго изложување и на повисоки температури.

1.2. ТЕСТ ПОСТАПКА

За контрола на процесот на стерилизација со сува топлина, поставете го шишенцето D.H.S.C.T. кое го содржи хартиениот диск во аглите на стерилизаторот, каде условите за стерилизација се критични и генерално во области каде што не стигнува доволно или рамномерно топлина. По завршување на процесот на стерилизација, извадете го шишенцето со дискот. Спакувајте го во амбалажа, на спроводен лист наведете го видот на стерилизатор, каде било поставено шишенцето со спората, температура, времетраење на процесот, податоци за ординацијата и доставете го до микробиолошката лабораторија. *Забелешка: Бројот на шишенца со дискови што треба да се користат зависи од практичноста на стерилизаторот и степенот на потребната сигурност; се препорачува да се користат 1–2 шишенца по стерилизатор за лабораториска употреба, и не помалку од 4–5 по стерилизатор за индустриска употреба.

2. Контрола на исправност на апарати за стерилизација со пареа/автоклави

2.1 ПРИНЦИП НА МЕТОДОТ

M.H.S.C.T. (Moist Heat Sterility Colour Test) е биолошки индикатор што содржи спори од Geobacillus stearothermophilus и. се користи за следење на ефикасноста на циклусите на стерилизација со пареа во автоклав (обично на 121°C или 134°C).

2.2 ТЕСТ ПОСТАПКА

За контрола на процесот на стерилизација, шишенцето M.H.S.C.T. треба да се постави во автоклавот на места каде што се смета дека условите за стерилизација се критични (на пример:на дното на автоклавот каде што се сомнева присуство на воздушни џебови, внатре во пакувања со текстил, решетки итн.). За контрола на процесот на стерилизација на материјал кој се наоѓа во садови со димензии поголеми од шишенцата индикатори, најдобриот метод е вметнување на шишенцето M.H.S.C.T. во самите садови (шише, тегла и сл.). Бројот на шишенца што треба да се користат е оставен на проценка на операторот, врз основа на големината на автоклавот, неговите карактеристики и сигурноста на бараните аналитички резултати. По завршување на процесот на стерилизација, шишенцата M.H.S.C.T. треба да се извадат и спакуваат во амбалажа, и заедно со спроводен лист на кој се наведени видот на стерилизатор, каде биле поставени шишенцата, температура, времетраење на процесот, податоци за ординацијата да се достават до микробиолошката лабораторија.