Ова одделение се грижи за непречено административно и правно функционирање на Центарот за јавно здравје Велес – од подготовка на нормативни акти и управување со човечки ресурси, до јавни набавки, архивско работење и поддршка на сите организациони единици.
НАШИ НАДЛЕЖНОСТИ
Нормативни акти
Подготвуваме, изменуваме и следиме правилници, статути, договори и акти за законито работење на Центарот
Архива и канцелариско работење
Обезбедуваме уредна евиденција, архивирање и достапност на целокупната службена документација
Јавни набавки
Подготвуваме годишен план, организираме и следиме сите постапки во согласност со Законот за јавни набавки
Човечки ресурси
Го следиме спроведувањето на законите за работни односи и ги подготвуваме колективните договори и правилниците за работа
Претставки и предлози
Примаме, обработуваме и одговараме на претставки и предлози од корисници и правни лица
Извештаи и анализа
Подготвуваме извештаи и информации за работата на Центарот и на Управниот одбор
ОПИС НА РАБОТАТА
Одделението врши административни, правни и организациски задачи што овозможуваат континуирана и ефикасна работа на Центарот за јавно здравје Велес.
Главни активности:
- подготвување на сите нормативни акти на ЈЗУ центар за јавно здравје Велес и нивните измени и дополнувања;
- обезбедува правилна примена на Законите и подзаконските акти од сите области посебно од областа на здравствената заштита
- врши работи за канцелариско и архивско работење согласно законот, уредбата и Упатството за канцелариско и архивско работење;
- врши секретарски работи и курирски работи;
- врши работа поврзана со донесување на одлуки, решенија, договори и спогодби од значење за работата на центарот;
- обезбедува правилна примена на Законите и подзаконските акти од сите области посебно од областа на здравствената заштита и работните односи;
- изготвува мислење по законите, Колективните договори, подзаконските акти и други прописи од областа на работните односи;
- изготвува правила за работа (пишани процедури) во соработка со Директорот и раководителите на организационите единици;
- подготвува материјали за седници на Управниот одбор и другите органи во согласност со Статутот;
- врши општи и заеднички работи кои се однесуваат на обезбедување административно техничка помош на организационите единици;
- врши работи за канцелариско и архивско работење;
- врши постапување по предлози и претставки на корисници на здравствени услуги и други правни лица кои се однесуваат на работата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес;
- изготвува извештаи, информации, анализи и други материјали кои се однесуваат на претставките и предлозите од корисниците на здравствени услуги и други правни лица а се однесуваат на работата на центарот;
- следење и примена на законскaта регулатива од областа на јавните набавки
- подготовка на годишен план за јавни набавки во соработка со директорот и раководителите на одделенија,
- се грижи за реализација на планот за јавни набавки
- подготвува, составува и објавува јавни повици за набавка согласно годишниот план,
- учествува како договорен орган по јавни набавки во доставување на понуди на други договорни органи,
- координира и дава инструкции до комисиите за јавни набавки
- ја евидентира, средува и доставува поднесоци до Бирото за јавни набавки однсоно ЕСЈН и
- изготвува договори за јавни набавки и ја следи нивната реализација