Одделението по хигиена и здравствена екологија ги реализира овие активност преку своите четири отсеци:
Отсек за безбедност на вода, санитација на животната средина и здравствена екотоксикологија
Отсек за безбедност на храна
Отсек за хигиена на исхрана
Отсек за здравствено – хигиенски прегледи
Одделението по хигиена и здравствена екологија при Центар за јавно здравје Велес, согласно програмата за јавно здравје на Република Северна Македонија, согласно договорите што се склучени со работните организации, како и по индивидуални барања на клиенти ги врши следните активности:
- Ја координира, стручно контролира и насочува работа на санитарно – хигиенската дејност во сите подрачни единици на територијата на центарот.
- Носител е на изготвување на планот за реализација и Извештаиите од реализираните активности на Националната годишна програма за јавно здравје на РСМ.
- Врз основа на спроведените истражувања и добиените податоци од подрачните единици, врши мониторинг и дава оценка на здравствено – еколошкиот ризик од одредени фактори во животната средина во областа на здравствена екологија, безбедност на водата за пиење, храната и исхраната на територијата на Центарот за изготвување на Извештаи, Информации и Публикации.