Отсекот ги има следните надлежности:

  •  врши анализа на здравствената состојба и планирање на примарната и секундарната здравствена заштита на населението, како и организација на здравствената заштита во регионот за чии потреби е формиран Ценатрот за јавно здравје Велес;
  • изготвува тромесечни, шестмесечни и годишни извештаи, анализи, програми и планови предвидени во работните задачи на социјално- медицинската дејност во согласност со Националната програма за јавно здравје на Република Македонија и другите законски акти.            
  • врши анализа на здравствената состојба на населението односно, мерење и проучување на здравјето на одделни категории на население како и евалуацијата на ефикасноста и квалитетот на здравствената заштита. Се укажува на недостатоците и се дава стручно методолошка помош на соодветните здравствени организации
  • спроведува  бројни  активности за  унапредување на јавното здравје и  превенирање на нездравите и ризичните  начини на однесување и живеење
  • врши планирање, координирање и спроведување на активностите од областа на  здравствената едукација. Тие  имаат  цел, прифаќање на здрави стилови на живеење, подигање на свеста на населението, пред се училишната популација, за значењето на  здравјето, како и значењето на едукацијата, за превенција и рано откривање на заболувањата, пред се на оние со социјално-медицинско значење. Акцент се става  на ризичното однесување на адолесцентите во врска со  штетните ефекти по здравјето на супстанциите кои создаваат зависност, како тутунот, алкохолот и психоактивните дроги.    
  • зајакнување и усмерување на  активностите за унапредување на здравјето се врши и преку активности за  одбележување на  Светски денови поврзани со здравјето на населението (Светскиот ден на здравјето, Светскиот ден на борба против пушењето, малигните заболувања, дијабетот,  заболувањата на кардио-васкуларниот  систем и т.н.)