Отсекот ги има следните надлежности

  •  води здравствено – статистички евиденции;
  • контролира, обработува, анализира и следи демографски, витално-статистички и здравствени показатели релевантни за оцена на структурата природното движење на населението;
  • врши обработка на здравствено – статистички податоци, врз основа на извештаи доставени од јавните и приватните здравствени организации, а превидени со Законот за здравствена заштита, во кои се води евиденција од областа на здравството во примарната, специјалистичко – консултативната и секундарната здравствена заштита;
  • прибира и врши анализа на статистички показатели за примарна и секундарна здравствена заштита кои се однесуваат на квантитетот и структурата на кадарот, мрежата на здравствени организации, посетите, прегледите, регистрираниот морбидитет и морталитет со посебен акцент на хронични незаразни заболувања (малигни, кардиоваскуларни, шеќерна болест, болести на зависности и сл.);
  • врши компјутерска обработка на податоци и изготвување на тримесечни, шестмесечни и годишни извештаи, анализи, програми и планови во согласност со Националната програма за јавно здравје на Република Северна Македонија и другите законски и подзаконски акти;
  • превзема здравствено истражувачки активности со кои врши анализа на здравствена состојба на населението;
  • врши мерење и проучување на здравјето на одделни категории на население и евалуација на ефикасноста на квалитетот на здравствената заштита.
  • ја следи состојбата и структурата на здравствените организации и врши анализа  бројот на вработени по возрасна структура и профил на кадар, територијална дистрибуција, како и потребите од здравствен кадар,на подрачјето на ЦЈЗ Велес.