Новости

Едукативна презентација за значењето на водата одржана во ООУ „Ристо Шуклев„ во с.Негорци, Гевгелија

Во ООУ „Ристо Шуклев„ во с. Негорци се одржа едукативна презентација за значењето на водата, наменета за учениците од 5то до 9то одделение, реализирана од доктор Ивана Ѓорѓиевска специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје – Велес.

Целта на предавањето беше преку интерактивен пристап и прилагодена содржина, децата да се запознаат со важноста на водата за здравјето на луѓето и значењето за животната средина.

Учениците имаа можност да научат зошто водата е неопходна за правилно функционирање на човечкиот организам, како правилно се користи водата во секојдневниот живот и зошто е важно да се однесуваме одговорно кон овој природен ресурс.

Посебен акцент беше ставен на најчестите загадувачи на водата – отпад, хемикалии, отпадни води – и нивното влијание врз здравјето на луѓето и екосистемите.

Преку практични примери и дискусија, учениците добија насоки како можат лично да придонесат за заштита на водата: рационално користење, избегнување фрлање отпад во природа, грижа за локалните водни површини и подигнување на свеста кај своите семејства и пријатели.

Настанот помина во позитивна и работна атмосфера, со активно учество на учениците кои поставуваа прашања и споделуваа свои размислувања. Во продолжение следуваат фотографии од одржаната презентација.