Новости

СВЕТСКИ ДЕН НА ТОАЛЕТИТЕ

Во свет што постојано се менува, едно нешто е константно – потребата од тоалет
Секогаш ќе ни требаат добро управувани санитарни системи.
Треба да ги третираме отпадните води со цел да го заштитиме здравјето на луѓето и животната средина.
За повеќето европски граѓани, отпадните води се собираат, транспортираат, а потоа се третираат во постројка за третман на урбани отпадни води за да се отстранат штетните компоненти, пред водата да се врати во природата.
Важноста на пристапот до чиставода и санитација е вградена во Цел 6 од целите за развој на обединетите нации.
Денес 3,5 милијарди луѓе сè уште живеат во услови без добра санитација? Но, санитарната криза ги поткопува напорите за сите главни глобални прашања, пред сè здравствените!
Студија на СЗО уште од 2012 година покажа дека за секој инвестиран 1 $ во санитарни услови, значи добивка од 5,5 $ во пониски здравствени трошоци, поголема продуктивност и помалку предвремени смртни случаи. Покрај тоа, според податоци на Државен завод за статистика (ДЗС, 2022) од вкупното количество испуштени во 2022 година, непречистени биле 72.4 %, а пречистени 27.6 % од отпадните води. Но, добрата санитација е во директна поврзаност со безбедноста на храната, се смета дека најмалку 10% од светското население консумира храна што се наводнува со отпадна вода (Отпадни води во земјоделството (2013)).
Лошата санитација ја намалува човечката благосостојба, социјалниот и економскиот развој поради влијанија како што се анксиозност, ризик од сексуален напад и изгубени можности за образование и работа.
Лошата санитација е поврзана со пренесување на дијареални заболувања како што се колера и дизентерија, како и тифус, инфекции на цревни црви и детска парализа. Го влошува застојот и придонесува за ширење на антимикробната резистенција.
ДЕНЕС по повод Светскиот ден на тоалетите 2025 година имаме две предлог-акции:
ШТЕДЕТЕ ВОДА: туширајте се пократко и не дозволувајте да тече чешмата кога ги четкате забите, се бричите, миете садови на рака и подготвувате храна.
НЕ ЗАГАДУВАЈТЕ: не фрлајте отпадоци од храна, масла, лекови и хемикалии во тоалетите и/или канализацијата.