Инфо од јавен карактер, Новости

Информација за вакцина против ХПВ вирус

ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес ги информира граѓаните дека располага со вакцина против хуманпапилома вирус (ХПВ), која обезбедува заштита од болестите предизвикани од типовите 6, 11, 16, 18, 31, 33, 45, 52 и 58.

Вакцината е наменета за адолесценти над 9‑годишна возраст и возрасни лица. Таа е темелно проучувана кај машки лица од 9 до 26 години и женски лица од 9 до 45 години.

Ефект на вакцината

Кај вакцинираните лица имуниот систем создава антитела против деветте типови на ХПВ, со што се овозможува заштита од болести како:

  • преканцерозни и канцерозни лезии на грлото на матката, вулвата и вагината,
  • карцином на анусот,
  • генитални брадавици кај мажи и жени.

Кој е опфатен?

Адолесцентите од 9 до 15 години се вклучени во редовниот вакцинален календар. Оваа информација се однесува на лица од машки и женски пол над 18 години кои сакаат да се заштитат од наведените типови на ХПВ вирусот и последиците од него.

Распоред на дозирање

Вакцината се прима во три дози:

  1. Прва доза – на избран датум
  2. Втора доза – 2 месеци по првата
  3. Трета доза – 6 месеци по првата

Ефективност

Повеќе европски студии го потврдуваат позитивното влијание на вакцинирањето против ХПВ вирусот, при што значително се намалува процентот на заболени и смртноста кај вакцинираните лица.

Контакт и дополнителни информации

За сите дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во Одделението по епидемиологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, или во просториите на која било подрачна единица на Центарот за јавно здравје.