Учество на вработените од ЦЈЗ Велес на 38-ми априлски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари.
Вработените од Центарот за јавно здравје – Велес активнивно учествуваа на „ 38-ми априлски средби„ на медицински лаборанти и санитарни техничари, кои се одржаа во периодот од 17ти до 19 април годинава.
Во рамки на настанот, претставникот од ЦЈЗ Велес, Александар Грков, виши санитарен техничар, се престави со презентација на тема „Анализа на биолошко – енергетска вредност на исхраната во ученички дом Крсте П.Мисирков – Кавадарци за 2025година„ , изработена во соработка со д-р. Дарко Котев, специјалист по хигиена и здравствена екологија. Во презентацијата беа прикажани резултати од спроведените анализи и нивното значење за унапредување на квалитетот на исхраната кај учениците.
Настанот преставува значајна платформа за размена на знаења и искуства помеѓу стручните лица, како и можност за следење на современите трендови и практики во лабораториската работа.
Со своето учество, ЦЈЗ Велес ја потврди својата посветеност на континуирана едукација, стручно усовршување и унапредување на јавното здравје.
Дополнително:
