Инфо од јавен карактер

Информација за јавност – микробиолошки неисправни мостри вода од јавни чешми на територијата на општина Дојран

Центарот за јавно здравје ја информира јавноста дека при редовното испитување на вода за пиење од водоснабдителни објекти од јавно здравствен интерес на територијата на општина Дојран, утрврдена е микробиолошка неисправност на следниве мерни места

  • с.Фурка, природна чешма „Генералова“ – лаб.бр 599 – докажано е присуство на колиформни бактерии од фекално потекло.
  • с.Ѓопчели, природна чешма – лаб.бр 594 – утврден е зголемен вкупен број на бактерии на 37°

Резултатите укажуваат дека водата од наведените мерни места не ги исполнува уловите за безбедност на вода за пиење согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл.Весник 183/18).

 

Препораки до граѓаните

 

  • Водата од наведените јавни чешми да не се користи за пиење до добивање на исправни лабораториски резултати.
  • Доколку се користи за пиење или подготовка за храна, потребно е предходно да се преврие, со што се намалува ризикот од микробиолошка контаминација.
  • Да се избегнува користење на водата од страна на лица со намален имунитет, деца и постари лица, се до официјално известување за исправност на водата.
  • Да се следат известувањата од Општина за повторната проверка на квалитетот на водата

Лабораториските резултати се информации од јавен карактер. Сите заинтересирани граѓани можат да ги добијат со поднесување барање на официјалната е-пошта на Центарот за јавно здравје – Велес.